Јавноста, а и спортистите се поделија по јавното признавање на Марија Шарапова дека била позитивна на допинг тестот направен на Австралија Опен.

Еден од спортистите кој ја обвини и нападна Русинката беше Рафаел Надал изјавувајќи дека на тенисот не и се потребни играчи како Шарапова.

Руската тенисерка не чекаше многу и веднаш со иста мера му возврати на Шпанецот кој моментално е бледа сенка од минатото.

– Горда сум како го одиграв ова. Бев искрена. Барем не се преправав дека сум повредена за да ги сокријам резултатите од моите тестови. Се надевам дека ќе играм повторно, но што и да се случи, сакам навивачите да ја знаат вистината. – рече Шарапова.

Освојувачката на пет гредн слем титули беше позитивна на „Мидронат“, а после неа уште многу спортисти паднаа на овој лек, кој се користи за брза рекуперација по тежок и исцрпувачки натпревар. 

OhridNews