
Името на концептот е Share Macedonia и земјава за првпат лансира проект кој ќе помогне да се крене свесноста за постоењето на Република Македонија. Идеата е да се споделуваат слики, видеа и постови на блогови за Република Македонија, и истите тие да се споделат на сајтот Share Macedonia со употреба на хаштаг пред името.
За поуспешно развивање на овој концепт, на Македонија и е потребна помош од буквално сите оние кои што се активни на социјалните медиуми.
Има неколку начини на кои сите можат да дадат придонес за оваа акција, а тие е преку постирањето на Фејсбук, Твитер или Инстаграм со хаштагот #sharemacedonia
Share Macedonia е за споделување, грижа и обединување на Македонците и Македонската култура низ светот, а вака сите заедно ќе прошириме зборот за најубавата земја во светот и воедно ќе успееме да ги запознаеме сите оние што не знаат за постоењето на Република Македонија, порачуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
OhridNews
извор:„Макфакс“












