Холивудските ѕвезди Шарлиз Терон и Шон Пен биле снимени се заедно оваа седмица на Хаваите, а снимките на папараците потврдуваат дека убавата актерка е во врска со легендарниот актер. Парот сакал да мине незабележано, но на островот отишле заедно. Меѓутоа, откако папараците ги забележале, одлучиле во Лос Анџелес да се вратат посебно. Папараците ја снимле Шарлиз како се сонча на имотот на Пен, на Хаваите, пренесуваат американските таблоиди.

 

Иако се пријатели со години, гласините за нивната врска почнале уште во 2010 кога биле видени на романтична вечера и тоа недолго откако Шарлиз прекинала со тогашното момче Стјуарт Таунсенд. Подоцна уште неколку пати биле видени на романтични вечери, а пред неколку дена биле заедно на Божиќната прослава на Сет МекФарлен.