Заштитата на животот и имотите на охриѓани мора да биде во приоритетите на секој еден кој седнува на чело на општината преку јакнење на протипожарната заштита и безбедноста од пожари. Нашите херои, пожарникарите на Охрид, заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Асен Шајн.
Затоа, веднаш по стапување во функција во мојот мандат во првиот месец ќе ги подобриме условите за работа. Ќе ги преземеме следниве чекори:
- ќе го ревидираме начинот на исплата на платите на пожарникарите и ќе изготвиме нов правилник за плати и додатоци,
- ќе ја зголемиме основната плата за 25%, а со оглед на сложеноста на нивната работа и 25% додадок за ризик согласно Законот за пожарникарство,
- ќе се запазат сите законски права на пожарникарите, прекувремени часови за интервенција на терен, јубилејни награди за 10, 20 и 30 години стаж, правилни опремнини при заминување во пензија и ќе се почитува Законот за работа во недела со соодветна исплата за ангажман во недела.
Но, не застануваме тука, вели Шајн.
Најголем дел од заложбата, посочува Шајн, ќе биде насочена кон модернизација на опремата и возниот парк на Територијалната противпожарна единица Охрид.
Ќе вложиме во нови возила, современа заштитна опрема и системи за брза интервенција. Овие проекти ќе ги реализираме со домашни и меѓународни институции бидејќи безбедноста на граѓаните е заедничка одговорност и највисок приоритет. Исто така, важен сегмен во моето работење ќе го посветам на ефикасноста и ефективноста при извршување на работите на вработените во локалната самоуправа насочени исклучиво во корист на интересите на граѓаните и следствено на тоа зголемување на основните примања што му се следуваат на работникот согласно законските прописи. Охрид заслужува градоначалник кој ќе мисли на луѓето кои секој ден се на првата линија за да го заштитат градот. Јас сум решен да бидам тој градоначалик, додава Шајн.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска