Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Асен Шајн своето гласачко право го оствари во ИМ 1260 во гимназијата „Св. Климент Охридски” Охрид.
Шајн се надева надева на доверба од охриѓани за како што рече Охрид со подобра иднина.
Го искористив своето демократско право на глас. Знам и сигурен сум дека охриѓани ќе го дадат својот избор и својата доверба на чесни луѓе, посветени, искрени со коишто од Охрид ќе направат град со кој ќе се гордееме сите. Верувам и знам дека ќе има изборен и фер демократски процес и граѓани кои ќе ја дадат довербата на луѓе со коишто ќе направиме Охрид да има добра иднина, рече Шајн.
Н.С.Ј.
видео/фото. А. Момироска