Градоначалникот Јован Стојаноски остварил средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид.

На средбата на која присуствувале и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје.
По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посетил неколку од предложените локации и најавил дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање, информира локалната самоуправа.
OhridNews













