Дијабетесот претставува заболување на метаболизмот, кое се карактеризира со зголемено количичество на шеќер во крвта поради неправилна работа на панкреасот, односно недоволно лачење инсулин. Она што загрижува е фактот дека последните децении, шеќерната болест е во пораст не само во светот, туку и во земјава.
Статистичките податоци со кои располагаат медицинските експерти говорат дека во Охрид повеќе од 7000 луѓе страдаат од ова заболување, а алармантно е што секојдневно се регистрираат нови случаи на дијабетес без разлика на возрасната граница.
Стресот може да предизвика дијабет?
Иако како главен фактор кој ја предизвикува болеста на панкреасот се посочува генетската предиспозиција, сепак експертите се децидни дека кај 30 отсто од случаите дијабетесот се јавува поради претрпен стрес.
„Градот Охрид, земјава и регионот се наоѓаат во една пандемија со која секојдневно рапидно се зголемува бројот на лица кои заболуваат од дијабетес. Тој може да се појави порано или подоцна, и за жал, тоа може да биде од 35-тата година па нагоре. Но се повеќе доаѓаат млади, кои немаат дијабет како наследна болест. Постои момент, кога телото има намалено излачување на инсулин после претрпен стрес, а пациентот не можел да го победи. Обично тоа е како да се случила експлозија во организмот.“ – вели д-р Сашо Василевски, специјалист-интернист и началник на Интерното одделение при Општата болница Охрид.
Од тип еден страда младата популација
Дијабетесот како заболување на панкреасот може да се подели на тип еден кој ја „напаѓа“ младата популација, односно дијабетес мелитус тип два, кој настанува постепено и се јавува кај повозрасната популација од 30 години нагоре.
„Од типот еден, кој за жал ја погодува младата популација почнувајќи од 2 години па до 25, не може да заболи возрасна единка. Во суштина, тој претставува комплетна афункција на панкерасот како автоимуно заболување, односно немање инсулин во телото. Се случува панкреасот да согори самиот од себе и тие деца, преку ноќ да добијат гликемија. Истите веднаш се поставуваат на инсулинска терапија, како единствена можност за третирање на болеста. Додека, од дијабетесот мелитус тип два се разликуваат два вида, инсулино-зависен и неинсулино-зависен. Првите, имаат шеќер повисок од нормалниот, кој се движи од 6-11 m.mol/l и може да се контролира со таблети и диета. Постојат и комбинирани случаи, но и пациенти кои се само на инсулинска терапија.“ – потенцира д-р Василевски.
Дијабетот како метаболен синдром
Како што објаснува д-р Василевски, за лекување на дијабетот се користи нова метода, која ја стабилизира состојбата на шеќерот во крвта кај пациентите.
„Дијабетот не е болест, туку состојба на нарушен метаболизам на шеќерите и мастите. Тоа е метаболен синдром кој може да се држи под контрола. На пациентот се му е дозволено, но само во контролирани лебни единици и редовна комуникација со дијабетологот. Исто така, постојат препарати кои го држат дијабетесот под контрола. Тука се новите инсулински пумпи. Тоа се мали вградени апаратчиња кои во текот на денот автоматски вбризгуваат чист кристален инсулин со самиот оброк. Мора да се напомене дека доколку утринското ниво на шеќер во крвта на пациентот е над 6.2 m.mol/l, тој треба направи дополнителни анализи, со цел да се утврди типот на дијебетес и пргонозата во однос на контрола над истиот. Од храната, најпрепорачлив е зеленчукот, а овошјето да биде застапено во помали количини со оглед дека соддржи доста шеќери. Помалку тестенини, а од месо се препорачува рибата. Многу често, кога чувстуваме глад, во суштина организмот е дехидриран. Препорачувам и разни суплименти како витамини и минерали, а најпрепорачливо за овие лица е движење, дружење и оптимизам.“ – објаснува д-р Василевски.
Регионален проект за рана детекција на пацинети со дијабетес
Од 2-ри до 4-ти март оваа година, во охридско-струшко-дебарскиот регион, како и во пограничните градови во Албанија, ќе биде спроведен проект кој има за цел да едуцира матичните лекари и населението за рана детекција на ова заболување.
„Проектот ќе опфати повеќе градови од земјава како Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Македонски Брод и Ресен. Ќе се вршат брзи тестови за испитување на шеќерот за три месеци наназд – хемоглобин А1С и и гликемија. Ќе бидат опфатени матични лекари од 56 здравствени и приватни установи. Во Албанија ќе имаме тесна соработка со тамошние Лајанс клубови, а едукација ќе се врши во регионите на Поградец, Корча и околу. Проблемот во оваа земја е тоа што се детектирани само 32 000 пациенти со дијабет, па се поставува прашањето дали населението е поздраво или се работи или детекцијата е на ниско ниво. Ќе биде организиран хепенинг со цел да издигне свеста за таа епдидемија која ја има меѓу нас. Како лекари ги отвораме границите, затоа што болните од тој регион, побрзо и поефтино можат да се лекуваат во Охрид, наспротив Тирана. Морам да напоменам дека во проектот ќе ни помгне една голема фармацевтска компанија Новонордис, со кои имаме исклучителна сороботка.“ – истакнува д-р Василевски.
Летен камп за децата заболени од дијабетес тип еден
„Лајанс“ клубот Охрид веќе неколку години во хотелот „Метропол“ организира интернационален камп за дијабет тип еден, од кој страдаат децета.
„Ние сме трета лајанска држава која прави вакви кампови, по Велика Британија и Франција. Обично ги едуцираме децата ккако да се сносат со овој метаболен хендикеп. Ги воведуваме во нормален начин на живеење, со примање инсулински препарати, лекарства. Им кажуваме дека можат да јадат и чоколада и лубеница, и дека можат да спортвуваат и да имаат нормално детство. Полека ги преземаме во ставање инсулински пумпи, кои се бесплатни и обезбедни од Министерството за здравство.“ – вели д-р Василевски.
ПЗУ „Дарон“ и Лајанс клубот Охрид во борба против дијабетот
Од ПЗУ „Дарон“ информираат дека традиционалната акција „Месец на дијабетот“ која се реализира во соработка со Лајанс клубот Охрид, започнувва од 17-ти февруари и ќе се одвива во новата лабораторија на улицата „Јане Сандански“.
„Како и прeдходните две години така и оваа година , ваучерите за акцијата ќе бидат поделени на матичните лекари и на Друштвото на дијабетичари од Охрид на средба која ќе ја организира Лајонс клубот Охрид следната недела.“ – велат од ПЗУ „Дарон“.
О.Т.