Пејачката Шер открила детали поврзани со нејзиниот нов албум, кој ќе носи наслов “Closer To The Truth”. Албумот, 26 по ред, ќе се најде пред публиката на 24 септември, пренеле американските медиуми.

Стандардното издание ќе има 11 нови нумери, додека делукс колекцијата ќе содржи 14 песни. Таа во претходните интервјуа албумот го споредила со албумот “Belive” од 1998 година и го нарекла феноменален.