Поп звездата Шер ќе сними кантри албум, потврдил музичкиот продуцент Марк Брајт. Брајт, кој соработувал со бројни кантри изведувачи, е продуцент на сите три студиски албуми на кантри пејачката Кери Андервуд.


На прашањето дали ќе соработува со Шер, тој одговорил дека Шер знае дека нејзините слушатели сакаат и кантри музика, па затоа заклучила дека треба да сними и еден кантри албум. Шер својот последен студиски албум “Living Proof” го објавила 2001 година. Таа неодамна се појавила во филмот “Burleska” заедно со Кристина Агилера.