Во град каков што е Охрид, еден од главните, носечки столбови на економскиот развој во идниот период ќе биде подобрувањето и развојот на неговата енергетската состојба, рече на денешната прес- конференција кандидтот за советник од ВМРО-ДПМНЕ, успешниот стопанственик од Охрид, Климе Шешоски.

Тој информира дека се предвидуваат низа на мерки за потикнувањето на процесот на подобрување на енергетската ефикасност во градежништвото, преку намалување на комуналните давачки, односно со соодветно субвенционирање.

– Со тоа ќе ја подобриме и прошириме Програмата за енергетска ефикасност на Општина Охрид која е во моментов претесна.Тој исчекор ќе го направиме и со цел подобра припрема на објектите за новите енергетски пасоши кои ќе мора да ги има секој објект предвидени и кои ќе влијаат на цената на градбите токму како што предвидуваат европскате директиви.Во тој стратешки пристап ќе се движиме кон искористување на главниот адут – потенцијал кој го има во Охрид, а тоа се обновливите извори на енергија со акцент и на туристичките капацитети т.е на нивно енергетско подобрување-независност , а со тоа и подобра конкурентност на туристичката понуда, рече Шешоски.

Кандидатот за советник додаде дека искористувањето на сончевата енергија ќе продолжи и со иницијатива за помасовна изградба на сончеви централи за добивање електрична енергија.

Шешоски истакна дека бизнис сферата со развојот на нови технологии мора да биде креатор на економските случувања во Охрид и двигател на економскиот напредок . Во таа насока неговите заложби ќе се движат во правец на развој на малите претпријатија, кои мора да бидат дел од развојот на Охрид  и помагател на основната економска гранка- туризмот.

OhridNews