Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп со шест карти во еден правец ќе започне да ја реконструира екипата за следната сезона.
Светла иднина на Енфилд немаат левиот бек Алберто Морено, германскиот репрезентативец Емре Чан, Бразилецот Лукас Леива, голманот Симон Мињолет, дефанзивецот Регнер Клаван и Англичанецот, Даниел Стариџ.
Како што пренесуваат англиските медиуми Клоп разговарал со шесте фудбалери и им ја соопштил одлуката која ќе биде официјална после завршување на сезоната.
„Црвените“ заминувањата ќе треба да ги пополнат со нови фудбалери, но се уште никој фудбалер не се поврзува со премин на Енфилд.
Ливерпул полека го губи чекорот со водечките и до крајот на сезоната ќе има задача да се избори за место на табелата кое води во Лигата на Шампиони.
OhridNews