Со гала хуманитарна вечера, лајанс клубот „Десарети“ од Oхрид, синоќа, во хотелот „Инекс Горица“ го одбележа шестиот роденден.

На роденденската прослава покрај членовите на „Десарети“ присуствуваа претставници на другите лајанс клубови од Охрид, како и од Битола и Поградец, раководството на Дистрикт 132 Македонија, истакнатиот хуманист во светски рамки лајан Брајан Рајли од Англија со неговата сопруга, кои од вчера се почесни членови на ЛК „Десарети“ и други гости.

За атмосферата на роденденската забава се погрижија Ѓоко Танески и „Entertaiment band“ и стендап комичарот Марјан Ѓорѓиески.

Лајанс клубот „Десарети“ во своето постоење има реализирано бројни хуманитарни активности, по кои е препознатлив во заедницата.

OhridNews