Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон доби максимална затворска казна од шест години за случајот со 15-ет годишното девојче.


Џонсон по објавувањето на случајот со 15-ет годишното девојче кое сакало дрес со неговиот потпис доби отказ од Сандерленд и забрана за настап од Англиската федерација.

Максималната казна за Џонсон судијата Џонатан Роуз ја најави уште на првото сослушување по притворот на фудбалерот.

Во текот на истрагата Џонсон не покажал никакво каење што дополнително ја забрза кривичната постапка и осудата против него.

OhridNews