Здравко Мамиќ е осуден на шест и полгодишна затворска казна поради финансиски малверзации во фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Покрај Здравко Мамиќ, судот во Осиек затворски казни им изрече и на брат му Зоран, како и на Дамир Врбановиќ и Милан Перар.

Четворицата се обвинети дека Динамо Загреб го оштетиле речиси 16 милиони евра, а државниот буџет 1,6 милион евра. Најголема казна доби Здравко Мамиќ, брат му Зоран е осуден на четири години и 11 месец, Врбановиќ на три години, а Пернар на четири години и два месеца.

Здравко Мамиќ ќе мора да ги врати незаконски стекнатите пари и ќе му бидат одземени два стана во Загреб. Неговата сопруга во рок од 15 дена мора да ги врати становите што тој ги купил со незаконски стекнатите пари.

Исто така, на семејството Мамиќ ќе му бидат одземени и јахтата, односно автомобилот „бентли“. Меѓу трансферите со кои бил оштетен буџетот на Динамо се и оние на големите ѕвезди Лука Модриќ и Дејан Ловрен.

„Макфакс“
OhridNews