Норвешкиот стручњак Оле гунар Солскјаер почна да прави планови за изгледот на Манчестер Јунајтед следната сезона, иако се` уште не е назначен за пернаментен менаџер. Солскјаер на Олд Трафорд пристигна од Молде како замена за Жозе Мурињо кој доби отказ декември месец минатата година.

40-годишниот стратег се откажа од обврските на Антонио Валенсија кој е прв капитен во клубот и ќе си замине после завршување на тековната сезона, а на излезна врата се уште дефанзивците Матео Дармијан и Маркос Рохо. Сигурно до екипата ќе си замине фудбалерот со највисока плата Алексис Санчез и Хуан Мата, кој има договор до јуни месец. Шестиот фудбалер кој виси е Тимоти Фосу Менса кој настапува како позајмен фудбалер во Фулам.

Ако се остварат најавите и овие шест фудбалери го напуштат Олд Трафорд ќе се отвори голем простор за ангажман на нови играчи. Солскјаер во зимскиот преоден рок се ослободи од Маруан Фелаини кој се пресели во Кина.

„Црвените ѓаволи“ под водство на Солскјаер се вратија во игра за ТОП 4 местата во ЛШ и на сензационален начин го елиминираа ПСЖ во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Во 1/4 финалето силите ќе ги одмерат со Барселона.

OhridNews