Како што соопшти СВР Тетово, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола и излетал од патот.
При тоа, настрадала брачна двојка со своите две деца од Кичево, деветнаесетгодишно момче од Струга и дваесет и двегодишна жена од Кичево. Брачната двојка и децата биле примени во кичевската болница, но набргу таткото со децата биле пуштени на домашно лекување, додека жената била пренесена на клиниките во Скопје поради скршена клучна коска.
Момчето од Струга е примено во тетовската болница, додека другата повредена жена била пренесена во кичевската болница.
СВР Тетово уште еднаш упати апел до возачите да внимаваат на патниот правец кон Маврови анови поради голомразица, како и по долината на реката Радика поради одрони.
Комбето е сопственост на компанијата „Еуро бус“ од Велешта. Направената материјална штета е во висина од 200 илјади денари.
Makfaks