Дефанзивецот на „ѓаволите“, Џони Еванс и напаѓачот на Њукасл, Папис Сисе се соочуваат со суспензија од шест натпревари поради плукање.
Во текот на мечот на „Сент Џејмс Парк“, фудбалерите си разменија плуканици, а судијата не ги забележа во двата случаи.
Затоа, камерите ги уловија, а дисциплинската комисија во Премиер лигата ќе покрене постапка за нивно суспеспендирање.
Стручните коментатори на англиската телевизија „Скај спорт“, Дитмар Хаман и Џермејн Џенас побараа највисока казна за двајцата фудбалери кои не покажале почит меѓу себе.
Ohridnews