Охридскиот ракометен клуб седумте рунди од вториот круг во А групата од Супер лигата ќе ги одигра во краток временски период од две недели.

„Гладијаторите“ серијата мечеви ја започнуваат в недела на домашен со дуелот против Голден Арт КЛ7, потоа една рунда се слободни, а во третата ќе се сретнат со Радовиш во гости. Во четвртата рунда, Охрид, силите ќе ги одмери со Пролет, а во петтата на програмата е „Езерското“ дерби во Струга. Во финалните две рунди Охрид го пречекува Јуниор КВ, а гостува кај тимот на Астраион.

Пулените на Раде Стојановиќ првиот круг во А групата од Супер лигата го поминаа со перфектен скор, победувајќи на сите шест мечеви. Ракометарите на Охрид ќе атакуваат на нови шест победи во вториот круг, со кои, ќе ги најават мечевите од плејофот на пролет.

OhridNews