Фудбалскиот клуб Сантос побарал од ФИФА шестмесечна суспензија за Нејмар, бидејќи клубот смета дека го прекршил договорот.


Сантос првпат овој случај пред ФИФА го покрена пред шест месеци, кога се појавија наводите дека неговиот трансфер во Барселона е многу поголем од она што го знаел клубот.

Сантос тврди дека биле прекршени 17 правила на ФИФА во врска со трансферите. Бразилците бараат парична компензацијата и казна за фудбалерот која би можела да изнесува од четири до шест месеци.

„Макфакс“

Ohridnews