Фудбалерот на Бастија, Брандао е суспендиран шест месеци од Француската фудбалска федерација за удирањето со глава на Тијаго Мота.

Тој физички го нападна членот на ПСЖ во тунелот по завршување на мечот, а суспензијата иако со закаснување сепак го стигна Брандао.

Покрај фудбалската суспензија тој ќе мора да се појави на суд на 3 ноевмри за напад со предумисла.

Мх.П.