
„Од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (Х1Н1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (Х3Н2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Клиниката за инфективни болести е потврдено само инфлуенца А“, истакна Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје.
Кај двајца пациенти регистриран е грипот А Х3Х2, додека еден пациент има инфлуенца А.
Како превентивни мерки од грипот се наведуваат постојаното миење раце и исхрана богата со витамини.
извор:„Макфакс“












