Македонскaта атлетска репрезентација освои шест медали два сребрени и четири бронзени на меѓународниот атлетиски митинг кој се одржа во Бар, Црна Гора, а на кој учествуваа 150 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, БиХ, Албанија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Македонија.
Македонија беше претставувана од девет атлетичари а најдобар резултат оствари Кристијан Ефремов кој беше втор на 400 метри (49.22) освојувајќи го сребрениот медал.
Сребрен медал освои и Ирена Темова во скок во височина, прескокнувајќи 165 сантиметри, додека со бронзи се закитија Јованче Јанковски (скок во височина – 200 сантиметри), Александар Стојановски на 1.500 метри, Дрита Ислами на трката на 400 метри и Александра Спасески во трискок.
Валбона Селими заврши на петтата позиција на трката на 100 метри, Марјан Нојковски исто така го освои 5. место (фрлање ѓуле – 14.48), додека Роберто Стевиќ стигна до 8. место во скок во далечина
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...