Македонски телеком и T-mobile, со цел збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонја поставија понтонски мостови на вкупно 6 локации долж брегот на Охридското Езеро.


Понтонските мостови, или платформи, се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти како што се чамци, глисери, помали бродови или скутери.


Понтонските мостови се поставени на потегот од село Трпејца до село Радожда. Лесни пловни објекти отсега граѓаните ќе можат да вкотвуваат на плажите „Потпеш“, „Немо“„ и „Кадмо“, пред х„Тино“, пред ресторанот „Рибар“ и вила „Милан“ во Трпејца, како и пред ресторанот „Мариј Блаж“ во Радожда.


Дополнително на овие локации Македонски телеком и T-mobile, поставија HotSpot точки, преку кои сите посетители можaт да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно и неограничено. Посетителите освен што ќе се забавуваат и уживаат во водените лудории во Охрид, преку новата Telekom HotSpot мрежа ќе можат да се информираат за најновите случувања во светот, да ја проверат својата е-пошта, да постават фотографии од својот одмор на интернет или да се поврзат со својата канцеларија.


-Со поставување на понтонските мостови Македонски телеком и T-mobile им овозможуваат на сите сопственици на глисери, скутери или бротчиња да уживаат на охридските плажи и во забавата на вода. На  овој начин ние како компанија покажуваме општествена одговорност и грижа не само за безбедноста на пловилата, туку и за безбедноста на граѓаните и на посетителите во нашиот туристички бисер. Ексклузивно и за прв пат ова лето Македонски телеком и T-mobile на сите граѓани и туристи им овозможуваат незаборавни моменти, пооголема забава и уживање на охридското крајбрежје со безжичниот интернет кој го обезбедивме преку Telekom HotSpot мрежата. Сите овие брендирани места што се препознатливи по големото „Т“ во магента боја ќе бидат обележје на Охрид оваа година, а ние ќе го добиеме тоа што го сакаме, а тоа е признание од луѓето дека се грижиме за Македонија и за нашите корисници, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на T-Mobile Македонија.


Пуштањето во употреба на понтонските мостови на Македонски телеком и T-mobile во Охрид се одбележа со забава на плажата „Потпеш“ на која настапија ѕвездите на „М2“ продукција и Влатко Илиевски.

OhridNews