Македонија-Летонија 1 (1.85)

Во 19.00 на арената Филип Втори играат Македонија-Летонија. Наш избор е нормално нашата репрезентација која има нов селектор, а и во пријателските натпревари е одлична и дома стално победувала.На Филип Втори во пријателски натпревари паднаа Бугарија,Словенија и Данска.

Репрезентацијата на Македонија во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Велс 2:1,Бугарија 2:0) и 3 порази (Србија 5:1,Велс 1:0,Шкотска 1:2).

Од друга страна Летонија и не е во некоја форма и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против репрезентацијата на на Литванија со резултат 1:0,1 нерешен натпревар против Словачка 2:2 и 3 порази (Ирска 3:0,Литванија 2:0 и против нашиот јужен сосед 1:0).

Репрезентацијата на Македонија се наоѓа на 83-та позиција на официјалната ранг листа на ФИФА,а Летонија пак се наоѓа на 111-та позиција. Интересно е што досега овие две репрезентации немаат меѓусебен дуел.

Босна и Херцеговина-Египет 1 (1.75)

Во 18.30 пријателски натпревар играат и репрезентациите на Босна и Египет.Наш избор е репрезентацијата на Босна која во мометов е една од најдобрите репрезентации.

Босна во последните 5 натпревари има 3 победи (Литванија 0:1,Лихтенштајн 4:1,Словачка 1:2) и 2 порази (Аргентина 2:0,Словачка 0:1),а се пласираа на светското првенство како први пред нашиот јужен сосед.

Од друга страна Египет во последните 5 натпревари имаат 4 победи (Гана 2:1,Замбија 2:0,Гвинеја 4:2,Уганда 3:0) и еден катастрофален пораз од репрезентацијата на Гана со 6:1.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина на официјалната ФИФА ранг листа се наоѓа на 17-та позиција,а репрезентацијата на Египет се наоѓа на 38-та позиција. Ова е прв меѓусебен дуел за овие две репрезентации.

Романија-Аргентина 2 (1.5)

Вечерва во Букурешт се среќаваат репрезентациите на Романија и Аргентина.Наш избор е репрезентацијата на Аргентина која е во огромна форма пред престојното Светско Првенство.

Аргентина во последните 5 натпревари имаат 3 победи (Босна 2:0,Перу 3:1,Парагвај 2:5),1 нерешен натпревар со Еквадор со резултат 0:0 и 1 пораз од репрезентацијата на Уругвај 3:2.

Од друга страна репрезентацијата на Романија која не успеа преку бараж да избори пласман на светското првенство во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Естонија 2:0,Андора 0:4),1 нерешен натпревар со нашиот јужен сосед со резултат 1:1 и 2 порази (Од нашиот јужен сосед 3:1,Турција 0:2).

Аргентина на официјалната ФИФА ранг листа се наоѓа на 3-та позиција,а Романија се наоѓа на 32-та позиција.

И традицијата е на страна на Аргентина која има одиграно 7 натпревари со репрезентацијата на Романија и 5 пати триумфирала Аргентина,еднаш изиграле нерешено и еднаш триумфирала репрезентацијата на Романија.

Германија-Чиле 3+ (1.55)

Вечерва играат и репрезентациите на Германија и Чиле,репрезентации кои експериметираат во пријателските натпревари и скоро секој натпревар го завршуваат со 3 или повеќе погодоци.

Германија во последните 5 натпревари имаат имаат 3 натпревари со скор 3 или повеќе и два од 0 до 2 гола со репрезентациите на Англија и Италија.

Од друга страна Чиле во последните 5 натпревари имаат 4 натпревари со 3 или повеќе голови и само еден со репрезентацијата на Англија со 0 до 2 голови,која заврши со победа на Чиле со 0:2.

На официјалната ФИФА ранг листа Германија се наоѓа на 2-рата позиција,а репрезентацијата на Чиле е на 14-та позиција.

Според традиција овие две репрезентации играле 6 пати и дури 4 пати изиграле со скор 3 или повеќе голови.

Шпанија-Италија 1 (1.55)

Друг интересен натпревар е оној помеѓу Шпанија и Италија.Наш фаворит е Шпанија која во последните 5 натпревари има 3 победи (Екваторска Гвинеја 1:2,Грузија 2:0,Белорусија 2:1),1 нерешен натпревар со репрезентацијата на Чиле со резултат 2:2 и 1 пораз од репрезентацијата на Јужна Африка со резултат 1:0.

Од друга страна Италија има и хендикеп,не играат Балотели и Роси,а во последните 5 натпревари имаат 1 победа против репрезентацијата на Чешка со резултат 2:1 и 4 нерешени натпревари (Нигерија 2:2,Германија 1:1,Ерменија 2:2,Данска 2:2).

На официјалната ФИФА ранг листа Шпанија се наоѓа на 1-та позиција,а Италија е на 8-та позиција. Според традицијата овие две репрезентации се изедначени со по 8 победи и 12 нарешени натпревари.

Португалија-Камерун ГГ (2.2)

Во Лисабон во 21.45 играат и Португалија-Камерун. За Португалија познато е експериментирањето кога се во прашање пријателските натпревари.

Португалија во последните 5 натпревари имаат 3 натпревари со скор гол-гол,а Камерун пак во последните 5 имаат 2 натпревари со скор гол-гол.

На официјалната ФИФА ранг листа Португалија се наоѓа на 4-та позиција а репрезентацијата на Камерун се наоѓа на 46-та позиција.

Досега овие две репрезентации играле еднаш со резултат 3:1 во корист на репрезентацијата на Португалија.

 

Ohridnews