Шест трофеи – највисоката награда и уште пет златни медали освоија бреинобреин генијалците од Македонија на 15-тиот Меѓународен Бреинобреин натпревар што се одржа во Дубаи.

Нашите ученици од Бреинобреин блеснаа на меѓународната сцена. Сите 11 претставници се враќаат со награда. Тоа е доказ за нивната дисциплина, концентрација и неверојатен ментален потенцијал. Овој успех е резултат на посветеност, големата желба, поддршка од родителите и секако, програмата Бреинобреин. Голема благодарност до нашите неверојатни Бреинобреин едукатори – нивниот труд, енергија и посветеност стојат зад секој победник. Горди сме до небо, посочуваат од Бреинобреин Македонија.
OhridNews












