Шест трофеи – највисоката награда и уште пет златни медали освоија бреинобреин генијалците од Македонија на 15-тиот Меѓународен Бреинобреин натпревар што се одржа во Дубаи.

На натпреварот учество зедоа над 1800 деца од 16 земји, а Македонија ја претставуваа 11 учесници од Охрид, Тетово и Скопје и сите се враќаат со награда.

Нашите ученици од Бреинобреин блеснаа на меѓународната сцена. Сите 11 претставници се враќаат со награда.  Тоа е доказ за нивната дисциплина, концентрација и неверојатен ментален потенцијал.  Овој успех е резултат на посветеност, големата желба, поддршка од родителите и секако, програмата Бреинобреин. Голема благодарност до нашите неверојатни Бреинобреин едукатори – нивниот труд, енергија и посветеност стојат зад секој победник. Горди сме до небо, посочуваат од Бреинобреин Македонија.

OhridNews