Mузичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во ковид кризата и тие треба да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска подршка проектиран од Владата. Ова е заклучокот од состанокот на 6те здруженија на музичари во земјата, кои, викендов во Охрид, потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред држвните органи, за што е формирано шестчлено Координативно тело кое го предводат Горјан Стојаноски и Трајко Симоноски.
Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел наши членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети, така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата, музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5тиот пакет за финансиска помош. – се вели во заеничкото соопштение на Охридски музички еснаф, Здруженито на естрадни уметници, Музика сега, Естрада, Сојузот на професионални музичари и Здружението на естрадни музичари 202.

Донесена е и одлука да се изнајдат решенија здруженијата на музичари легално да ги остваруваат своите права, а во соработка со Министартсвото за култура и други надлежни државни институции да се изнајдат механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти.
OhridNews











