Шест членови од бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе се преживеани во авионската несреќа која се случи додека клубот заедно со останатите патници патуваше во Колумбија за одигрување на првиот натпревар од финалето на Копа Судмаерика.


Меѓу првите извлечени патници од фудбалскиот тим бил Алан Рушел кој во локалната болница стигнал во контактабилна состојба, но сериозни повреди на телото и главата.


Спасувањето на патниците од срушениот авион поради временските неприлики и недостапнато место е отежнато, но спасувачки екипи од сите места доаѓаат на помош.


Според првите неофицијални информации, авионот се срушил поради немање доволно гориво.

Авионска трагедија: Се урна авион во кој беше и финалистот на Судамерика

OhridNews