Таеквондистите на Хваранг Фист учествуваа на меѓународен турнир во Новиград, Хрватска. 11 члената експедиција на охридскиот клуб имаше забележителни резултати во дисциплините Форми (борба со замислен противник) и борби.


Сениорите освоија со три златни, два сребрени и два бронзени медали додека пионерите се закитија со три златни, три сребрени и една бронза. Покрај медалите, екипата на Хваранг Фисти заедно со инструкторот добија пофалба за “инзводредна покажа техника и организација“.


Конкуренцијата на меѓународниот турнир била голема, настапувале 130 таеквондисти од пет различни земји. Турнирот го збогатил присуството на Дон Далтон 8-дан кој е технички секретар на Интернационалата Таеквондо Федерација. 


Сениори    
Ангелоски Сашо 1 место борби 1 место форми
Речкоски Даниел 2 место борби 3 место форми
Симјаноски Бобан 3 место борби  
Сениорки    
Јовческа Слаѓана 1 место борби  2 место форми
Пионери    
Стеваноски Валентин 1 место борби 3 место форми
Јосифоски Стефан  1 место форми  
Петкоски Бојан 2 место форми 2 место борби

Пионерки
   
Симоноска Елена 1 место борби 2 место форми

Мх.П.