Во Куќата на Робевци, утре, 17-ти јануари, ќе се одржи шестата Меѓународна Конференција Охрид – Водици 2018″. Оваа година конференцијата тематски е посветена на “Дијаспора, транснационализам и интер-културни комуникации како нови форми на социјален капитал”. Почетокот на конференција е закажан во 12. Покрај другите ќе обратат министерот во Владата, Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојански, в.д.директорот на Агенцијата за иселенисштво Никола Шалваринов, како и претставници на универзитети, институти од повеќе земји учесници на конференцијата.

Организатор на конференцијата е Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Институтот за Социо-Културолошка Антропологија на Македонија од Скопје, МИРАС – Социјална Организација за Поддршка на Изучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан и Селчук Универзиетот од Конја, Турција.

Пред почетокот на конференцијата во 11 часот во „Куќата на Робевци“ ќе се отвори изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турција.

OhridNews