Основното училиште „Св.Климент Охридски“ ги заврши подготовките за учество во Унеско кампот кој ќе се одржи во Пиран, Словенија од 07-11. октомври и во Кикинда Р.Србија од 10-14. октомври. Тројца ученици и еден ментор ќе го преставуваат училиштето, градот и државата во Пиран заедно со осум други училишта од Европа и тројца ученици и двајца ментори ќе го преставуваат во Кикинда.
ОУ„Св.Климент Охридски“ е единствено училиште во државата кое е вклучено во УНЕСКО камповите, чија цел е размена на искуства (учество во различни работилници), промоција на градот и запознавање на културата и традицијата на сите учесници. За таа цел училиштето ќе има свој штанд со прапаганден материјал од градот кој ќе се дели на учесниците и минувачите, а ќе се презентираат и традиционални јадења.
Учеството на учениците и нивните ментори од ОУ „Св. Климент Охридски“ на овој настане потпомогнато до Локалната самоуправа.