20 август е датумот на кој репрезентацијата на Македонија ќе одигра пријателска средба со селекција на Украина. 

Деталите околу мечот со 32–та репрезентација на листата на ФИФА  до прва ќе бидат договорени.

Два натпревари од пријателски карактер одиграле нашата и украинската репрезентација. Едниот во Киев заврши 0-0, додека во Скопје, Шевченко и другарите беа совладани со 1-0.

Силната тест средба е добредојдена во пресрет на стартот на септмевриските квалификации за СП 2010.

Ние стартуваме во Скопје, на 6 септмеври со Шкотска а на 10 истиот месец играме со Холандија.

ohridnews