Сите специјални возила, Итната помош, Противпожарната служба и Полицијата, имаат картички за влегување во стариот дел од градот. Картичката не може да се користи додека возилото, кое преку рампата влегло во стариот дел од градот, не излезе.

Денес од секторот за сообраќај при локалната самоуправа со појаснувања околу воведениот систем за ограничување на сообраќајот во стар град, кој уште не почетокот наиде на реакции од дел од граѓаните. Во текот на вчерашниот од страна на непознати сторители беше и отстранета рампата кај Горна порта, а жители се жалеа дека возило од Итната помош не можело да влезе во овој дел од градот.

  • Вчера, проблемот најверојатно настана кога имаше возила во стaриот дел кои немаа картички и не можеа да излезат, па во исто време не можеше да се одвива двонасочен сообраќај. Итната помош, полиција, пожарна сите специјални возила, имаат картички кои им се доделени и можат да влегуваат во секое време од денот. Возило кое ќе влезe на долната рампа може да излезе кај Горна порта. Упатуваме апел граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи и да имаат хуман однос во сообраќајот. Системот ќе се осовременува со цел да се отстранат сите проблеми, рече Зоран Шикалески од секторот за сообраќај.

Шикалески потенцира дека новиот систем е воведен по извршени испитувања и снимања на терен,  кои покажале дека интензитетот на сообраќај во стариот дел од градот е за осум до десет пати поглем од капацитетот на уличките, но и по барање на УНЕСКО.

  • Поделени се околу 800 картички за непречен влез на жителите, но и за граѓани кои не се жители но имаат куќи тука и имаат возило, на станоиздавачи, доставувачи на стока, на институции кои функционираат таму, рече Шикалески.

Додаде дека проектот е изработен од страна на овластена фирма избрана на тендер, и е реализиран по одржани јавни презентации и анкети на кои биле повикани жителите од стариот дел од градот.

Т.К.