По доделувањето на наградата за најдобар играч која сосема заслужено заврши во рацете на Лионел Меси, светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги објавува резултатите од гласовите.
Освојувачот на „Златната топка“, Меси своите гласови ги дал за соиграчите од Барселона. Суарез освои пет бодови, Нејмар три, а еден Андрес Иниеста.
Исто гласање имаше и Роналдо кој пак ги „даруваше“ фудбалерите од Реал Мадрид. Португалецот пет бодови му доделил на Бензема, три на Џејмс Родригез, а еден на Герет Бејл.
Третопласираниот по вкупниот број на гласови Нејмар исто така гласал за своите соиграчи доделувајќи му пет бодови на Меси, три на Суарез и еден на Иван Ракитиќ.
Капитенот на Македонија, Ванче Шиков со своите пет поени го наградил Кристијано Роналдо, три му доделил на Пол Погба, а еден на Роберт Левандовски.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски за најдобар играч гласал за најдобриот, а останатите бодови им ги поделил на Андрес Иниеста односно Кристијано Роналдо.
Ohridnews











