Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ утрово бил приведен на аеродромот во Виена, јавува „Макфакс“. 

Иако по Шиповиќ првично имаше распишано само интерна потерница, во понеделникот, МВР по барање на судот распишале и меѓународна потерница, па Шиповиќ бил уапсен на виенскиот аеродром, патувајќи од САД во Скопје преку Франкфурт и Виена.

Според процедурите, на Шиповиќ ќе му биде одреден најпрвин екстрадиционен притвор, а по завршувањето на сите процедури, се очекува тој да биде пренесен во Македонија.

МВР го товари Шиповиќ за криминал во скопската фирма Машинопромет тежок еден милион евра.

Опозицијата обвини дека најавата за апсење на Шиповиќ е политичка хајка поради вмешаноста на власта во криминал со проектот Скопје 2014, за којшто власта во Центар направи ревизија.

OhridNews
извор:„Макфакс“