Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни на мечот со Вест Хем заработи црвен картон откако од позади го собори Стујарт Даунинг. Најдобриот стрелец во англиската Премиер лига Алан Ширер даде објаснување зошто го направил тоа репрезентативецот на „Гордиот Албион“.
– Црвениот картон на Руни против Вест Хем само потврдува дека Манчестер Јунајтед е во хаос. Глупоста која ја направи Вејн Руни е само доказ дека Манчестер се уште не е на правиот пат. Проблемот е во тоа што Руни се обидува да ја врши работата на другите играчи во тимот. Стартот над Стјуарт Даунинг го направи од очај, бидејќи воопшто не им верува на своите дефанзивци. Даунинг имаше уште многу дефанзивци пред себе пред да биде соборен, а очигледно е дека Руни го направи тоа поради недостиг на доверба во последната линија на Јунајтед – стои во колумната од Ширер во англискиот весник.
И со фудбалер помалку „црвените ѓаволи“ успеаја да го совладаат Вест Хем со 2-1, но Руни откри некои проблематики во соблекувалната од Јунајтед.
Едриличарките од клубот „Акватика Јахтинг“-Охрид Софија Ставрева, Евгенија Ставрева и Илина Гаџовска и едриличарките од клубот „Снегар“-Струга, Андреа Кавај и Андреа Чуркоска се стекнаа со лиценци ...
ГРК Охрид го совлада РК Бутел во натпреварот од 1 коло од плеј-офот во Супер лигата, кој се одигра вечерва во салата „Антон Димитров“, со 22:28 (полувреме 10:11) Најефикасни во редовите на Охрид бе...
Третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одигра викндов на 28 февруари и 1 март во Спортскиот центар „Климент Колески“ На програмата се 4 натпревари Екипите на ЛТХ Леарница и ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.