Во куќа на улицата „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на 63-годишен жител на Струга, вчера околу 19.30 часот, од страна на 24-годишно лице било фрлено пластично шише со непозната запалива течност. При тоа, била оштетена влезната врата.

 

Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што било приведено лицето за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews