Охридските стрелци Михаил Шишкоски и Нина Балабан изминатиот викенд имаа забележителни настапи на одржаниот меѓународен тромеч – натпревар во гаѓање со воздушно оружје, во Приштина, Косово.

Шишкоски кој во последен момент влета во списокот на селекторот имаше одличен настап со 565 кругови втора по ред го освои првото место во Приштина.


Ситуацијата во македонското стрелештво, каде подолг период не се одржал ниту еден натпревар, не ги обесхрабрува охридските стрелци да продолжат да тренираат и да ја одржат формата.

Потврда за тоа е настапот на Нина Балабан во Приштина која испука фантастични 381 кругови, што се повторно 6 кругови над минималната олимписка норма и со кои се пласира на второто место зад Надица Апостоловска од Кавадарци.

Ваковиот резултат испукан на Европско или Светско првенство е виза за Балабан за Олимпијада, но за жал во моментов нашата федерација која ја тресе финансиска криза не може да им овозмози настап на нашите  стрелеци на ниту едно првенство, а залосно би било да овај талент кој има само 14 години, не продолжи да го освојува светот!

Ohridnews