Фудбалерите на Шкендија, први од македонските екипи ќе
настапат во квалификациите во Лига Европа. Противник на Шкендија во
првото квалификациско коло ќе биде северноирскиот Портдаун.

Портдаун е борбена екипа која многу трча. Мораме да биде максимално
концентрирани на овој меч, не смееме да го потцениме противникот
“, рече
тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, кој најави дека на располагање го
има најсилениот состав и се надева на победа од два гола разлика.

Шкендија и Портдаун натпреварот ќе го играат на стадионот на Башкими во Куманово, натпреварот ќе започне во 17:30 часот.

Останатите два претставника на Македонија во првото претколо коло во
Лига Европа, Ренова и Металург, своите мечеви ќе ги одиграат во
четврток.

Ренова во Куманово ќе го пречека Либертас од Сан Марино, додека Металург на Малта ќе и’ гостува на Биркиркара