Актуелниот првак Шкендија се извлече на гостувањето во Охрид, кај истоимениот лигаш победувајќи со 2-1, победа која ги зацвртува на третата позиција на табелата, во местата кои водат во фудбалска Европа. По четвртиот меч без победа, (три порази и едно реми) охриѓани се најдоа во долниот дом на прволигашката табела.

На последниот меч на домашен терен, охриѓани не успеаа со победа да ја израдуваат охридската публика, но уште еднаш покажаа како со срце се игра за клубот и за градот. Понекогаш во мечеви како овај не се доволни само срцето да се добијат, охриѓани покаажа дека имаат квалитет да се носат со реномираните прволигаши во лигата, но исто така очигледно е дека импровизациите не ги даваат посакуваните резултати.

Додека имаа сила и свежина, “рибарите“ растураа на теренот. Фрчеа центаршутеви пред голот на Јованоски, а во првиот дел не им дадоа на “црвено-црните“ да здивнат. Одбранта предводена од искусниот Никитовиќ едвај успеваше да ги задржи “залетаните“ домаќини.


Имаа неколку изгледни можности белите, но ударите на Пројков, Димоски и Алими не ја пронајдоа целта. На средина од првиот дел “рибарите“ бараа најстрога казна по падот во казнетиот простор на Димоски, но главниот судија Бошков остана нем. Нешто подоцна Алими ја имаше најубавата шанса на мечот кога од петерецот биеше со глава, но потесната одбрана спаси од самата гол линија.

 

Кобна беше 37 минута од мечот кога се самоповреди еден од подобрите поединци на теренот Ардит Шаќири , со што “белите“ ја загубија рамнотежата на средината.

Првиот удар кон голот на Костуранов, тетовци го упатија на стартот на вториот дел и тоа од слободен преку Хасани. Костуранов со парада ја исфрла топката во прв удар од аголот за Шкендија.

Како одминуваше времето , така охриѓани “паѓаа“ а играта ја превзедоа гостите кои на средината го имаа моторот Јованоски. По еден час игра, нововлезениот Реџепи продре по левата страна нафрли во казнетиот простор а Хасани осамен биеше со глава, но Костуранов не се дава. Со крајни напори го спасува тимот од негатива.

Десетина минути подоцна Хасани се ослободи од Каланоски, продре во казнетиот простор одигра повратна за Реџепи кој од неколку метри ја погоди охридската мрежа за водство. По примениот гол охридската екипа се разбуди и повторно се закана преку Алими кој по двојното проигрување со Каланоски биеше силно во страничниот дел од мрежата на Јованоски.

Отворената игра остави простор за гостинските контранапади , токму по една таква акција играчот на мечот Јованоски ја “победи“ офсајд замката, втрча од втор план изби пред охридскиот голман и рутински го матираше.


Охриѓани брзо вратија на примениот гол, преку резервистот Ф. Митрески кој упати удар од далечина а со помош на гостинската одбрана го совлада Јованоски. До крајот не мечот охриѓани притиснаа, но не успеа посериозно да се заканат и го претпреа вториот пораз на домашен терен.

М.П.