Шкотскиот фудбалер Крис Мичел, ненадејно почина во 27-та година од животот, соопшти неговиот клуб Клајд. Тој починал вчера, непосредно пред плејоф натпреварот со Елгин Сити.

-Играчите по натпреварот со Елгин ги дочека тажна вест. Сите сме во шок. Изразуваме длабоко сочувство до семсјтвото на Крис. – стои во соопштението на Клајд, чиј тренер е Бери Фергусон, легенда на Ренџерс и на шкотскиот фудбал.

Крис Мичел оваа сезона за Клајд настапи на 15 натпревари. Тој има седум настапи за младата репрезентација на Шкотска.

OhridNews

Докторите не успеаја, згасна млад спортски живот во Романија (видео)