Дефанзивецот Мартин Шкртел со погодокот во шестата минута од судиското продолжение донесе реми за Ливерпул на дерби средбата со Арсенал.


На „Енфилд“ избраниците на францускиот стручњак Арсен Венгер беа блиску до победа, но не издржаа до крајот иако имаа и фудбалер повеќе во последните минути од мечот.


„Црвените“ први погодија откако Коутињо со помош од стативата го совлада Шчезни. Радоста на домаќините кратко траеше бидејќи една минута подоцна Дебуши донесе егал.


Во вториот дел по комбинацијата Кацорла – Жиру вториот со прецизен удар ја погоди мрежата и донесе целосен пресврт.


Фабио Борини заработи два брзи жолти картони, но и тоа не ги поколеба „црвените“ и со погодокот на Шкртел освоија сосема заслужен бод на дербито.


Резултати : Њукасл – Сандерленд 0-1, Ливерпул – Арсенал 2-2.

Табела : Челси 39 (-1), Мен Сити 39, Мен Ју 32, Вест Хем 31…

Мх.П.