Стоперот на Ливерпул, Мартин Шрктел ќе паузира три натпревари откако дисциплинската комисија во Премеир лигата го суспендираше за намерниот старт над Давид де Геа.
Во финишот од англиското супер дерби дефанзивецот го нагази голманот на Манчестер Јунајтед, кој прв стигна до топката. Судијата не го забележа, но го фатија камерите на Енфилд по што беше и донесе суспензијата.
Шкртел ќе ги пропушти натпреварите со Арсенал и Њукасл во Премиер лигата и мечот со Блекбурн во ФА Купот.
Мх.П.