Искусниот словачки дефанзивец Мартин Шкртел лично од менаџерот Јирген Клоп побарал дозвола за заминување од Ливерпул.
Најверојатно следна дестинација за Шкртел е Турција односно тимот на Бешикташ кој бара засилувања за следната сезона во која ќе биде дел од Лигата на Шампиони.
Шрктел на Енфилд премина од рускиот клуб Зенит во 2008 година, а кариерата ја има започнато во Тренчин.
Клоп ако го пушти Шкртел да замине сигурно ќе ангажира дефанзивец кој ќе биде неопходен за следната сезона.
OhridNews