Шкупи доби најквалитетен и најатрактивен противник од трите македонски екипи кои партиципираа на ждрепката за пласман во Лигата на Европа. Составот на Шкупи силите ќе ги одмери со шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, Работнички ќе се сретне со Хонвед, а минатогодишниот учесник во фазата по групи Вардар ќе се судри со Пјуник.

„Ренџерите“ со англиската фудбалска легенда на клупата Стивен Џерард се едни од најатрактивните екипи во првата рунда, а имаат и очекувања многу големи. Работнички и Вардар и покрај улогата на носители добија квалитени противници.

Шкупи на 12 јули гостува во Шкотска, а една недела подоцна ќе го пречеаат Глазгов на домашен терен. Вардар исто така го игра првиот меч на гостински терен, а Работнички новата евроавантура ќе ја започне на домашно тло.

OhridNews