Екипата на Шкупи ги започна двонеделни подготовки во Охрид. Во градот под Самоиловите тврдини, скопскиот прволигаш ќе ја одработи втората и главната фаза од подготовките. „Сино белите“ ќе работат на техничко-таткички план, а ќе одиграат три контролни средби.

Ќе работиме со топка и ќе ја дефинираме тактиката и играта. Ќе имаме можност низ контролни средби да видиме каде грешиме и да се поправиме. Не очекува добар период во Охрид. – изјави предводникот на Шкупи, Муарем Бајрами.

Тимот од Чаир, контролните среби ги започнува утре (сабота) против составот на Охрид, потоа игра со Ренова и Струга Трим Лум.

OhridNews