Лидерот на табелата во Србија, Црвена Ѕвезда претрпе убедлив пораз (5-1) пред своите гледачи од Борац Чачак во 1/8 финалето од националниот Куп.


„Црвено белите“ во осминафиналниот натпревар влегоаја како големи фаворити, но во ниту еден момент не го оправдаа тоа и доживеаја елиминација.

Три од петте голови постигна Дарко Зориќ додека два беа дело на Милан Јевтовиќ. Почесниот погодок за домаќините го постигна Лука Јовиќ.


Поразот и елиминацијата од Купот е голема шлаканица за Црвена Ѕвезда која е неприкосновен лидер на табелата во српската Супер лига.

Ohridnews