Феноменалниот ветеран во редовите на Удинезе, Антонио ди Натале постигна шмекерски погодок за победа на неговата екипа на гостувањето во Верона (1-0). Ди Натале влезе во игра во 59-та минута, а три минути подоцна со петта успеа да погоди по 206-ти пат во Серија А и да донесе три бода за неговата екипа.
Со овој погодок Ди Натале го мина легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо и сега се наоѓа на шестото место од вечната листа.
Ohridnews