Францускиот репрезентативец, Морган Шнајдерлин ќе биде првиот фудбалер кој официјално ќе го напушти Манчестер Јунајтед.


Фудбалерот за врска во зимскиот преоден рок ќе премине во Евертон, а клубот од Гудисон парк на „црвените ѓаволи“ ќе им плати 24 милиони фунти.

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед го потврди трансферот кој треба деновиве да се комплетира и обелодени.

На истиот пат како Шнајдерлин се наоѓа и Мемфис Депај, кој за разлика од Французинот ништо не покажа од свој потенцијал на Олд Трафорд.

Но, холандскиот репрезентативец во Евертон би се преселил на позајмица, не и со пернаментен договор како Шнајдерлин.

OhridNews