Најмали детали го делат дваесекратниот првак во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед за доведување нов фудбалер во името на Ентони Мартиал од Монако.


„Црвените ѓаволи“ на „кнезовите“ за услугите на младиот француски репрезентативец ќе исплатат 50 милиони евра плус одредени бонуси.

– Во неделата во авионот кога се враќавме од гостувањето во Лондон, Руни ме праша кој е тој Мартиал. Јас му одговорив дека тој е добар и перспективен фудбалер кој многу наликува на Анри. – изјави за француските медиуми Морган Шнајдерлин.

Репрезентативецот на „триколорите“ сезонава од редовите од Саутемптон се пресели на Олд Трафорд.

Ohridnews